Македонија
8. January 2020 - 9:29

СДСМ: Близу 6,9 милиони евра кај граѓаните само за 6 месеци преку мерката Мој ДДВ, концептот Парите кај граѓаните дава резултат

За само две и пол години СДСМ преку одговорна и посветена работа успеа во целост да го реализира концептот „Парите назад кај граѓаните“, еден од клучните сегменти и столбови од Програмата за живот.
 
Реализација на мерката Мој ДДВ, преку која 15% од данокот на додадена вредност кој го плаќаат граѓаните, се враќа назад во нивниот буџет, дава одлични резултати.
 
За само две тримесечја, преку оваа мерка граѓаните остварија поврат на близу 6,9 милиони евра, што како дополнителен буџет влегува во семејните буџети.
 
Веќе во февруари 2020 година, започнува исплатата на речиси 3,7 милиони евра назад кон граѓаните за поврат на ДДВ за месеците октомври, ноември и декември.
 
Претходно, за првото тромесечје беа исплатени над 3 милиони евра за остварениот поврат во првиот квартал од мерката, односно за месеците јули, август и септември.
 
Оваа мерка, освен што обезбедува дополнителен приход во семејствата, значително влијае и врз намалување на даночната евазија и зајакнување на даночната дисциплина. Во периодот од јули до ноември минатата година, просечно месечно скенирани се по осум милиони фискални сметки. Сега, само во декември 2019 година, скенирани се 12,5 милиони фискални сметки, односно постои раст од над 53 проценти.
 
Покрај тоа, расте и наплатата на ДДВ која во декември е поголема за 12 проценти, а постојано расте и бројот на нови корисници кои почнуваат да скенираат фискални сметки.
 
Се зголемува наплатата на ДДВ, расте бројот на нови корисници кои започнуваат со скенирање и сериозно расте бројот на скенирани фискални сметки.
 
Граѓаните стануваат партнери на државата и институциите во борбата со сивата економија.
 
Економските политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија даваат реални и видливи резултати. Преку одговорен, домаќински пристап, обезбедивме можности сѐ повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните.
 
На прав пат сме и на тој пат продолжуваме уште посилно по победата на 12 април.