Македонија
14. January 2020 - 19:20

СДСМ бара поголема ажурност во судството

Од 300 кривични пријави, досега се процесирани 129 кривични пред надлежни судови. Но, опструкциите на последните остатоци на заробената држава во судството и обвинителството, многу предмети ги чуваат заглавени во судско- oбвинителските лавиринти. Структурите од сваровски судството ја опструираат правдата на секое ниво. Ова е само уште еден доказ за потребата од прочистување и темелни реформи во правосудството, изјави Костадин Костадинов портпарол и пратеник на СДСМ.