Македонија
18. January 2022 - 9:11

СДСМ: Арсовска нанесува штета на скопјани и Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска секојдневно ја докажува негрижата за граѓаните и за Градот Скопје.

Прекинувањето на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој е нејзината прва штетна одлука.

Годинава Арсовска ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација.

Во само 10 дена Данела Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнавач кој не е компетентен за функцијата.

Арсовска одби финансиски да го помогне субвенционирањето на парното греење и во криза ги игнорира проблемите на граѓаните на Скопје.

Наместо бесплатен јавен превоз ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

Наместо проекти,  решавање на проблеми, единственото нешто што го прави Арсовска е прекинување проекти, партизација на Градот и оправдувања за нејзиното неработење.

 
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ