СДСМ: Арсовска е избрана да го понесе поразот во Скопје
Независната кандидатура на Даниела Арсовска, кадарот на бегалецот Никола Груевски, е уште една потврда дека и во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека на претстојните локални избори ги чека уште еден пораз.
Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја избра почесниот конзул на Унгарија и поранешен партиски донатор да се жртвува во кампањата за градоначалник на Скопје.
Таа е избрана само да го понесе поразот во Скопје.
Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска ќе се обиде да глуми наводна независност, ама со потписите на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ.
Како и да ги пакува партиските кандидати Мицкоски не може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат бидејќи упорно ги потценува и се обидува да ги прелаже со веќе видени трикови.
Јасно е, Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите!
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна