СДСМ: Апсурдна интерпелацијата за министерот Алаѓозовски
Со неоснованите, неиздржани и апсурдни иницијативи за интерпелации, ВМРО-ДПМНЕ продолжува очајнички да се обидува да ги закочи реформите и проектите за коишто гласаше мнозинството граѓани, наведува СДСМ реагирајќи на денешната најава на опозициската партија за поднесување интерпелација за министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
Со поднесената интерпелација, наведува СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека не се грижи ниту за културата, ниту за граѓаните туку, како што наведува во реакцијата, „единствено се грижи за сокривање на деценискиот криминал што раководството на таа партија го правеше, особено со проектот ’Скопје 2014’“.
- ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја партизираше културата и потроши над 600 милиони евра народни пари на сомнителни тендери за проектот „Скопје 2014“, додека вистинското културно наследство беше намерно оставано да скапува и да се распаѓа. Залудни и очајнички се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку апсурдни интерпелации да ги закочат рефомите и да го прикријат криминалот и злосторот што го вршеа врз културното наследство, стои во соопштението.
СДСМ наведува дека наместо криминалниот и злосторнички пристап кон културата што ВМРО-ДПМНЕ го практикувала со години, министерот за култура и Министерството воведуваат нови, ефикасни и инклузивни политики и проекти во културата кои, како што посочува СДСМ, носат напредок и заштита на културната дејност.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата