СДСМ: 24 декември нè потсетува - режим никогаш повеќе, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето
Пред седум години насилничкото, криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ го создаде еден од најцрните датуми во нашата демократија.
24 декември е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која ќе кулминира на 27 април со крвавиот четврток и насилниот упад во Собранието.
Денес, ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, партијата се уште е раководена од Никола Груевски, избеганиот криминалец во Будимпешта, а Христијан Мицкоски е само неговиот портпарол.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против интересите на граѓаните.
Со секој нов ден, деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ ескалира, соочени со паниката од извесниот изборен пораз.
Цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Кочничарска ја блокираа седницата со нелогични и неосновани барања за промена на дневниот ред.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кочат и блокираат бројни закони кои се во интерес на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кочат и блокираат сѐ што значи враќање пари кај граѓаните. Блокираат се што не е по планот на Груевски.
Блокади, кочења, опструкции, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Ниту една мерка, ниту една идеја како да се подобри животот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ значи нестабилност, ризик и враќање на режимот. Затоа граѓаните ќе ги казнат нивните деструктивни политики и на 12 април ќе порачаат Режим – никогаш повеќе.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација