Сценарија за евро-атлантската интеграција на Македонија
Меѓународен договор што ќе го склучи ПЈРМ и ќе се достави до сите меѓународни организации (НАТО, ЕУ и ОН) е алтернативниот план што се наоѓа на преговарачката маса, доколку не е изводливо веднаш да се направат уставни промени,односно пред јулскиот НАТО Самит, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во изминатите 24 часа грчкиот весник во два различни текста, потпишани од двајца различни новинари објави две различни сценарија доколку до НАТО Самитот, Македонија не успее да заврши со уставните промени што ги бара Атина.
Во денешниот текст под наслов „План Б за да се откочи скопското прашање“, новинарот пишува дека грчката страна разгледува 2 опции, едната да има уставна промена пред НАТО самиот во јули, а според другата, станува збор за алтернативен план доколку не е изводливо веднаш да се направат уставни промени.
- Второто сценарио е тоа со Меѓународен договор што ќе го склучи ПЈРМ и ќе се достави до сите меѓународни организации (НАТО, ЕУ и секако ОН). Преку овој правен текст, соседната земја, во суштина се обврзува да ги направи оние промени што се неопходни за да се задоволат условите на конечниот договор меѓу Грција и ПЈРМ, меѓу кои секако е вклучен и условот ерга омнес, севкупна употреба и во внатрешноста и надвор, пишува грчкиот весник.
Вчера, пак, „Катимерини“ во текстот потпишан од друг новинар, излезе со друго сценарио - Македонија да добие „надграден“ однос со Алијансата и комплетна интеграција по завршувањето на уставните промени.
- Во јадрото на преговорите се наоѓа предлог според кој во меѓународниот договор на двете земји ќе се презема обврската за промена на Уставот на ПЈРМ, како и за регулирање на соодветните процедури. Врз основа на договорот, на Самитот на НАТО во јули, на ПЈРМ ќе ѝ се даде „надграден“ однос со Северно атлантскиот сојуз, но и јасна обврска за комплетна интеграција штом се заврши со уставната ревизија, напиша вчера „Катимерини“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари