СБ на ОН утре вонредно ќе заседава поради ракетните тестирања на Пјонгјанг
Советот за безбедност на ОН утре ќе одржи вонредна седница по барање на Јапонија и САД, со цел да се разгледаат новите севернокорејски тестирања на балистички ракети.
Северна Кореја вчера истрела четири балистички ракети во Јапонското Море, како дел од тренажна вежба за напад врз американски воени бази во Јапонија.
Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со вршителот на должност претседател на Јужна Кореја, Хванг Кјо-ан разгледаа какви дејствија да бидат преземени како одговор на севернокорејските ракетни тестирања.
Претходно, Трамп телефонски разговарал со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, а министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис се осврна на севернокорејските ракетни тестирања во телефонски разговор со јапонскиот колега Томоми Инада. Тие двајца ги оценија ракетните тестирања како „неприфатливи и неодговорни“.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители