-->
-->
СБ на ОН има пет нови непостојани земји-членки
-->
Советот за безбедност на Обединетите нации од денеска има пет нови непостојани земји-членки со двогодишен мандат.
Новите непостојани земји-членки се Египет, Сенегал, Јапонија, Уругвај и Украина. Тие ќе ги заменат Чад, Нигерија, Јордан, Чиле и Литванија.
СБ има 15 земји-членки од кои пет се постојани - Франција, Велика Британија, САД, Кина и Русија, а 10 се избираат на период од две години, но секоја година се менуваат пет членки.
Непостојаните членки се избираат по регионален принцип - непарните години во СБ влегуваат по една земја од Африка, од Азија и од Јужна Америка и две од групата западни држави, а парните години по две земји од Африка и по една од Азија, од Јужна Америка и од Источна Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море