Свет
16. October 2019 - 8:22

СБ на ОН денеска по вторпат ќе расправа за турската акција во Сирија

Советот за безбедност на Обединети нации најверојатно денеска ќе расправа за турската воена операција во Сирија, јавија агенциите повикувајќи се на неименувани извори.

Западните агенции јавуваат дека консултациите ги побарале Обединетото Кралство, Франција, Германија, Белгија и Полска, поточно европските членки во СБ на ОН.

Според најави од неименувани дипломати, разговорите ќе се одржат зад затворени врати.

Ова треба да биде втор состанок на СБ на ОН од почетокот на турската воена офанзива во северна Сирија, што почна на 9 октомври.