СБ: Македонската економија годинава со раст од 3,2 отсто
Растот на македонската економија годинава ќе изнесува 3,2 процента, прогнозира Светска банка во најновиот извештај за економските перспективи.
Според СБ, во Македонија по надминувањето на политичката криза, која имаше влијание на економијата, главни проблеми остануваат невработеноста, фискалната консолидација и можноста за зголемување на фискалниот дефицит поради најавените трошоци за инфраструктурни проекти.
Со проекцијата на СБ за следната година се предвидува раст на македонскиот БДП од 3,9 проценти и од 4 проценти во 2020 година.
Како и во есенскиот редовен извештај за економијата во ЈИЕ, СБ прогнозира раст од 1,5 проценти на македонската економија во 2017.
Од земјите во регионот, според СБ, Албанија годинава ќе има раст од 3,6 проценти, БиХ 3,2 процента, Бугарија 3,3 проценти, Хрватска 2,6 проценти, Црна Гора 2,8 проценти, Србија 3 проценти, а Косово 4,8 проценти.
СБ проценува дека глобалната економија годинава ќе се подобрува и предвидува раст од 3,1 процент.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност