Савка го изневерувала Лозано?!
Влатко Лозаноски и Савка Грачанин ја раскинаа свршувачката!
После 9 години поминати заедно, парот решил да стави крај на љубовта, датумот за свадба е откажан, а манекенката пред неколку месеци се отселила и од заедничкиот стан во Кисела Вода . Причина за разделбата, наводно, е неверство, и тоа од страна на Савка, пишува Вечер.
Ако може да им се верува на чаршиските муабети, убавицата паралелно, неколку месеци била во врска со друго момче, а пејачот кога дознал за аферата решил да ја остави. За скандалот да биде уште поголем дечкото со кого се гледала Савка пред три дена на својот фејсбук-профил објавил неколку заеднички фотографии – на едната од нив страсно се бакнуваат, а на раката на Савка блеска вереничкиот прстен кој, пак, и го подари Лозано.
Пејачот не сака да ги коментира случувањата и само кусо ни изјави дека одлуката за крај на романсата ја донеле и двајцата, но и покрај се останале во добри односи.
Не сакам да коментирам апсолутно ништо, нема никогаш да кажам лош збор за Савка, заедно бевме 9 години, решивме да се разделиме и тоа е тоа, рече Влатко.
Манекенката која моментално е во родното Валандово не беше достапна за изјава на бројот кој е познат на нашата редакција, па нејзината страна од приказната не успеавме да ја дознаеме. Засега едно е сигурно – свадба нема да има! А дали сагата ќе има продолжение останува да видиме.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица