Фудбал
23. March 2019 - 9:24

Саутгејт: Специјална вечер за Стирлинг

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го преплави со пофалби Рахим Стирлинг по успехот со 5:0 над Чешка во првиот натпревар на „Трите лава“ од квалификациите за ЕП 2020. Крилото на Манчестер Сити постигна „хет-трик“ во овој дуел.

„Рахим беше одличен вечерва. Тој изгледаше како на тренинзите во текот на неделата. Имаше учество во четири од нашите голови. Многу сум задоволен, ова е специјална вечер за него. Мислам дека тој израсна многу како фудбалер и како човек. Тој е гладен за голови и се труди да биде на вистинското место, откако покажува класа и при завршните удари – веќе стрела инстинктивно, без премногу размислување, изјави Саутгејт по мечот.