Фудбал
1. February 2017 - 13:03

Саутемптон се засили со Италијанец

Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадини во финишот на преодниот рок од Наполи се пресели во Саутемптон.
 
Повремениот италијански репрезентативец, Габијадини, незадоволен од третманот во Наполи, реши да ја прифати понудата на Саутемптон и да се пресели во Премиерлигата.
 
Напаѓачот кој сезонава постигна пет голови на 19 натпревари во тимот на Наполи, за сума од 16 милиони евра замина во Саутемптон.
 
25-годишниот фудбалер во кариерата играл во Аталанта, Читадела, Болоња и Сампдорија, а има одиграно и шест натпревари за репрезентацијата на Италија.