Loading Video...
Фудбал
18. March 2018 - 16:32
Саутемптон се избори за полуфинале во ФА Купот
Екипата на Саутемптон е третиот патник во полуфиналето на англискиот ФА Куп.
Во четвртфиналниот меч одигран попладнево Саутемптон со 2-0 на гости го совлада Виган и се избори за место меѓу четирите најдобри екипи.
Головите за гостите ги постигнаа Пјер Хојбјерг во 62.минута и Чедрик Соареш во0 последната (90+1).
Попладнево ќе се одигра последниот меч од четвртфиналето во кој Лестер ќе биде домаќин на Челзи.
Потсетување дека вчера пласман во полуфиналето обезбедија, Тотенхем кој со 3-0 го совлада Свонси, како и Манчестер Јунајтед кој со 2-0 го победи Брајтон
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->