Саутемптон се избори за полуфинале во ФА Купот | Сител Телевизија
Loading Video...
Фудбал
18. March 2018 - 16:32

Саутемптон се избори за полуфинале во ФА Купот

Екипата на Саутемптон е третиот патник во полуфиналето на англискиот ФА Куп. 
 
Во четвртфиналниот меч одигран попладнево Саутемптон со 2-0 на гости го совлада Виган и се избори за место меѓу четирите најдобри екипи. 
 
Головите за гостите ги постигнаа Пјер Хојбјерг  во 62.минута и Чедрик Соареш во0 последната (90+1).   
 
 
Попладнево ќе се одигра последниот меч од четвртфиналето во кој Лестер ќе биде домаќин на Челзи.
 
Потсетување дека вчера пласман во полуфиналето обезбедија, Тотенхем кој со 3-0 го совлада Свонси, како и Манчестер Јунајтед кој со 2-0 го победи Брајтон