-->
-->
Саутемптон прв финалист во англискиот Лига куп
-->
Екипата на Саутемптон е првата која обезбеди пласман во финалето на англискиот Лига, односно ЕАФ куп.
Во реванш полуфиналниот натпревар одигран синоќа на „Енфилд“ фудбалерите на Саутемптон одново беа подобри од Ливерпул со 1-0, како што беше тоа случај и на првата средба. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Шејн Лонг во последната минута од натпреварот.
Кој ќе биде противник на Саутемптон во финалето на ова натпреварување ќе се знае вечерва откако Хал и Манчестер Јунајтед ќе го одиграат својот реванш полуфинален меч, во кој гостите ќе стартуваат со предност од 2-0 остварена на првиот дуел одигран на „Олд Трафорд“.
Финалниот натпревар во ЕАФ Купот ќе се игра на 26 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто