Саудиски лобисти закупиле 500 соби на три месеци во хотел на Трамп
Лобисти кои работеле во име на Саудиска Арабија во периодот по претседателските избори во САД во 2016 година, закупиле 500 ноќевања во луксузен хотел на американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, и тоа на период од три месеци, објави „Вашингтон пост“.
Како што пренесува агенцијата Анадолија, според информациите на американскиот весник, лобистите кои ги претставувале саудиските власти, платиле околу 270.000 долари за ноќевања во хотел чиј сопственик е Трамп.
Во објавениот текст е нагласено дека лобистите претходно, во рамките на активностите околу законот со кој беше незадоволна Саудиска Арабија, организирале бесплатни патувања во Вашингтон на поранешни службеници во американската војска. Во врска со тоа, во хотелот на Трамп во Вашингтон по претседателските избори се закупени 500 соби, во траење од три месеци.
Цените на собите во просек изнесуваат 768 долари, а наведено е дека лобистите во споменатиот хотел угостиле шест групи. Одредени поранешни службеници во американската армија кои престојувале во овие хотели изјавија дека не им било познато дека нивното патување во Вашингтон било на сметка на Саудиска Арабија.
Истакнато е дека споменатите лица, искористени во два наврати, оделе во Конгресот во име на Саудиска Арбија, а истовремено донеле корист и на хотелот на Трамп, наведува Анадолија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација