-->
-->
Саудиски комерцијален авион пристигна во Багдад првпат по 27 години
-->
Саудиски комерцијален авион денеска слета во ирачкиот главен град Багдад, првпат по 1991 година, објави државната телевизија Ал-Иракија.
Авионот пристигнал од Ријад, а на аеродромот го пречека и ирачкиот министер за транспорт, Казем Финџан.
Авиокомпанијата на својата интернет страница објави видео на кое се гледа екипажот како држи знамиња на Саудиска Арабија и Ирак, во моментот кога авионот пристигнува на аеродромот во Багдад. Бројот на патници засега е непознат.
Односите меѓу Багдад и Ријад се затегнаа по инвазијата на Садам Хусеин во 1990 година на соседен Кувајт. Но, во последниве месеци, високи саудиски и ирачки функционери разменија посети во знак на зближување меѓу двете арапски земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заврши дебатата по законот за попис, гласањето одложено
-
Има ли план како да не пропадне зимската туристичка сезона?
-
Формирано здружение за обнова на „Глобал“
-
Заврши дебатата по законот за попис, гласењето одложено
-
Тема на денот: Политика или традиција на карневалот во Вевчани
-
Законот за попис на гласање
-
Струшкото обвинителство отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани, се бара сторителот
-
Државниот врв со осуда за палењето на бугарското знаме во Вевчани по реакциите од Бугарија