Саудиска Арабија воведува тригодишна забрана за патување
Саудиска Арабија ќе воведе тригодишна забрана за патување за граѓаните кои ги кршат прописите, патувајќи во земјите од „црвената листа“, поради напорите да се спречи ширењето на коронавирусот и неговите нови видови, објави денеска државната новинска агенција.
Агенцијата цитираше неименуван службеник во Министерството за внатрешни работи дека некои државјани на Саудиска Арабија, на кои во мај им било дозволено да патуваат во странство, без претходна дозвола од властите првпат од март 2020 година, ги прекршиле регулативите за патување.
– За секој што ќе се докаже дека ги прекршил регулативите за патување, ќе подлежи на законска одговорност и големи казни по враќањето во земјата и ќе му биде забрането да патува три години, рече официјалното лице.
Саудиска Арабија забрани патување или транзит во неколку земји, вклучувајќи ги Авганистан, Аргентина, Бразил, Египет, Етиопија, Индија, Индонезија, Либан, Пакистан, Јужна Африка, Турција, Виетнам и Обединетите Арапски Емирати.
Ново на Сител
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани