Свет
17. September 2019 - 18:02

Саудиска Арабија со повик до меѓународната заедница да го осуди нападот

Саудиска Арабија денеска ја повика меѓународната заедница „да преземе одговорност во осуда на сторителите“ и „јасно да се спротистави“ на оние што стојат зад нападот врз нејзините нафтени постројки во текот на викендот.

Во соопштение по состанокот на владата,кралот Салман нагласил дека Саудиска Арабија е во состојба да се одбрани од таквите „кукавички напади“.

Саудиската влада соопшти дека нападите врз нафтеното поле „Арамко“ и голема рафинерија на сурова нафта се закана за меѓународната безбедност и глобалното снабдување со енергенси.

Владата ги повтори обвинувањата дека иранско оружје е користено во нападот.