Loading Video...
Свет
20. October 2018 - 16:35

Саудиска Арабија призна дека исчезнатиот новинар бил убиен во конзулатот на Кралството во Истанбул

По 18 денови  негирање, Саудиска Арабија призна дека  Џамал Кашоги е мртов.  САудискиот новинар и истакнат  критичар на Ријад  умрел   во конзулатот на Кралството  во Истанбул во тепачка со луѓе кои таму го сртенал соопшти официјален Ријад а пренесоа саудиските медиуми. Но во соопштението нема   информации што се случило со неговото тело.

Во врска со случајот, Ријад  тврди  и дека  се уапсени 18 лица, Саудијци ,  а  отказ добиле вториот човек на разузнвачкјата агенција  и совентикот за медиуми на Кралскиот суд. Изјавата на Саудиска  Арабија  Трамп ја оцени како веродостојна.

Официјална Анкара вети дека ке ја открие  вистината за смртта на Џамал Кашоги.

Мистеријата почна на 2 октоври  кога тој влегол  во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да подигне документ за венчавка и оттогаш  му се губи секаква трага. 

Саудиските  власти велеа дека тој безбедно  го напуштил конзултатот но со тоа  не се согласуваа нивните турски колеги.  Официјлна  Анкара  досега нема објавено многу информации за случајот  , но медиумите постојано објавуваат нови детали, повикувајќи се на извори  во полицијата. Според медиумските извештаи, властите  располагаат со аудио и видео снимки  кои наводно докажуваат дека Кашоги бил измачуван и убиен во конзулатот. Пренесуваат и дека  телото било исечено на парчиња и изнесено од дипломатското претсанвиштво а извршпителите веке следнеиот ден ја напуштиле Турција и заминале за Саудиска Арабија.  Џамал Кашоги  од септември 2017 живеел во САД и работел како колумнист на Вашингтон Пост.