Бизнис
1. January 2018 - 9:35

Саудиска Арабија и ОАЕ воведуваат ДДВ од пет отсто

Во Обединетите Арапски Емирати и во Саудиска Арабија од денеска се воведува ДДВ од пет отсто за повеќето стоки и услуги со цел да се намалат ударите по падот на цената на нафтата пред три години, јавија локални медиуми.

Некои жоители веќе изразија негодување дека цената на живеачката и без тоа е висока.

Предвидени се некои исклучоци како за наеми, продажба на недвижен имот, за лекување, билети за авиони. Сепак, процентот на ДДВ е многу под средниот за повеќето европски држави кој е 20 отсто. Во други држави од Заливот се очекуваат други шеми за ДДВ во следните години.