Саудијка тајно го снимила сопругот како злоставува слугинка, а сега ја чека...
Жена од Саудиска Арабија тајно го снимала својот сопруг како ја изневерува нафрлајќи ѝ се на куќната помошничка во нивниот дом. Сопругата го објавила видеото на интернет, но сега се соочува со една година затвор според законите на кралството против „одмаздничките видеа“.
Во скандалозното видео се гледа човек во саудиска традиционална бела облека како упорно ја допира куќната помошничка во соба што личи на кујна. Во еден момент, кога рацете на жената се зафатени бидејќи држи послужавник или чинија, човекот се обидува и да ја бакне, додека таа пробува да се извлече.
Сето тоа сопругата на човекот тајно го снимила со телефонска камера. Потоа таа го објавила видеото на интернет, пренесоа неделава локалните медиуми, велејќи дека пред оригиналниот клип да биде отстранет од интернет, тој се проширил низ целата држава.
„Минималната казна за овој сопруг е да се скандализира“, напишала неименуваната жена во насловот на своето видео, објави медиумот Емирати 24/7.
Нејзината јавна одмазда ги подели корисниците на социјалните мрежи во Саудиска Арабија, зашто нејзините постапки биле и осудени и поддржани од луѓето во ова побожно муслиманско општество.
„Таа всушност го изложила својот приватен живот и проблеми за сите да ги видат“, напишал еден блогер. „Таа треба да живее со последиците од она што го направила.“
„Топло те поздравувам за твојата храброст“, напишал друг блогер, додавајќи дека „имало итна потреба за одмазда, а твојата одмазда е најдобрата.“
Како и да е, одмаздата сега е насочена кон самата изневерена сопруга, која според саудиските закони може да добие и до една година затвор.
Според саудискиот адвокат Маџид Каруб, вели Емирати 24/7, сопругата на човекот „се соочува со една година затвор или парична казна од 500.000 саудиски риали (околу 133.000 долари) за клеветење на својот маж.“
Законот „за информатичко-технолошки злосторства“ предвидува „строга казна“ за сите што снимаат други луѓе со разни уреди, вклучувајќи и смартфони со камери, за „да ги посрамотат“, изјави саудискиот адвокат.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски