Свет
15. May 2018 - 19:33

Сателитски снимки разоткриле што навистина се случува во нуклеарниот погон на Ким

Сателитски снимки покажуваат дека Северна Кореја почнала со демонтирање на објектите на едно од официјалните места за нулеарни тестирања на Пангај- ри.
 
Сателитски снимки од 7. мај се убедливи докази дека демонтирањето на полигонот за тестирање е во полна пареа.
 
Американските медиуми тврдат дека се срушени помошни згради. Демонтирани се и пруги за вагони.
 
Некои значајни објекти вклучувајќи два најголеми - командниот ценат и зградата за администрација - останале недопрени.
 
 
 
Влезовите во тунелите се уште отворени, што најверојатно е поврзано со тоа дека на церемонијата за затворање на полигонот, која ќе биде одржана на 23-25 мај, ќе присуствуваат странски новинари.