Џет-Сет
24. January 2016 - 11:57

Саша Ковачевиќ ужива во Тајланд: Објави фотографија од неговото тело, девојки „полудеа“!

Пејачот Саша Ковачевиќ се одлучил да ја прекине зимата оваа година, така што како дестинација за одмор си одбрал потопло место. Всушност, Саша и овојпат за одмор го одбрал Тајланд каде веќе неколку години по ред оди кога има слободно време.
 
Колку ужива на плажите тој решил да сподели на социјалните мрежи. На Инстаграм и Фејсбук објавил фотографија како позира, а на себе има само кратки црни шорцеви, а во оваа прилика го покажа и своето мускулесто тело.
 
Обожавателките не можеле да се спротивстават на „жешката“ фотографија па оставиле голем број лајкови и коментари.