Балкан
12. October 2017 - 21:07

Саша Ковачевиќ падна со 400 килограми кокаин - вредноста на дрогата проценета на 184 милиони евра

Во голема акција по име „Океанска трка“ португалската полиција на една едрилица во близина на Карибите заплени 400 килограми кокаин со висок квалитет и уапси еден Италјанец, како и човек по име Саша Сале Ковачевиќ (45)
 
Сале Ковачевиќ, како што пренеле медиумите има црногорски пасош, но се уште се чека потврда дали станува збор за човек со тоа име или користел фалсификувани документи.
 
Неговата фотографија, како и неговите отпечатоци ќе бидат испратени до црногорската и српската полиција. 
 
Ова е најголемата заплена на дрога во Португалија.
 
Полицијата оваа дрога ја процени на 184 милиони евра.