Loading Video...
Свет
1. March 2021 - 21:49

Саркози осуден на три години затвор, од кои две условно за корупција

Францускиот екс претседател Никола Саркози  е осуден на три години затвор од кои две условно за случајот корупција пресуди парискиот кривичен суд.  66 годишниот Саркози беше прогласен за виновен за  обид за поткуп на еден судија ,нудејќи му престижна работа во Монако, за возврат на информации за кривична истрага во неговата политичка партија. Екс шефот на франција  се очекува да се жали на пресудата.

Доскорешениот претседател на САД Доналд Трамп навести  нова кандидатура за Белата куќа во 2024 година. Конфренецијата на републиканската партија  ја искористи  и да објави дека не планира да основа  политичка партија. Тоа е лажна вест рече Трамп. Во својот прв јавен настап откако ја напушти претседателската  функција, Трамп го искритикува својот наследеник  Бајден велејќи дека американската политика отиде од Америка на прво место  на Америка на последно место но и не пропушти да каже дека демократите му ја украле победата во 2020 година.  

Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела на корона вирусот  сооптпи СЗО.   Едиснетвниот начин да се постигне имунитет на стадо во целиот свет е преку вакцинација нагласува организацијата.Од корона досега во светот починаа над 2 милиона и 500 илјади луѓе а регистрани се 114 милиони случаи на заразата.