Саркози: Франција и Русија имаат потреба да работат заедно
Поранешниот француски претседател и лидер на опозициските републиканци, Никола Саркози при посетата на Москва потсети на важноста да се одржат дипломатските врски со Русија, пренесува дописникот на МИА од Париз.
- Русија му е потребна на светот. Без неа, ние не ќе можеме да ги надминеме големите кризи со кои ние сме соочени, напиша на својот профил на Твитер, Никола Саркози.
- Франција и Русија имаат потреба да работат заедно во еден свет како нашиот и ние не треба да прифатиме по никоја цена нова студена војна, додаде тој.
За време на неговата посета на Русија, Саркози ќе треба да се сретне со шефот на руската држава Владимир Путин, откако изутринава говореше пред престижниот инситут за меѓународно односи во Москва, за да го оправда своетот дводневно патување кое наиде на сериозни критики во Франција.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција
-
Оштетена пратеничка канцеларија
-
Најавена тужба за клевета
-
МОН бара решение како основците да не учат во сабота
-
Ученик претепал наставничка
-
Лабораторијата без кадар, Токсикологија во хаос!
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори