Свет
8. October 2016 - 13:04

Саркози ако биде избран за претседател на Франција, ќе организира два референдумот - за имиграција и за безбедност

Поранешниот француски претседател Никола Саркози изјави дека ако стане повторно претседател на Франција на изборите следната година, ќе организира два референдуми - за имиграција и за интернирање на лица со досие во разузнавачките служби.

Саркози во интервју за телевизијата Франс 2 изјавидека ќе побара мислење од Французите за „прекинување на автоматското право" на собирање на семејствата на имигранти и за можноста властите да воведуваат административна интернација на најопасните лица за кои разузнавачките служби сметаат дека се закана за националната безбедност.

Саркози појасни дека интернирањето ќе го решава од „министерот за безбедност". Такво министерство во моментов нема во Франција.