Сари: Да не беше Лига Европа, Лацио ќе се бореше за топ 4 во Серија А
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари смета дека неговиот тим ја плаќа цената поради настапите во евро-куповите.
Лацио синоќа во 26. коло од Италијанското фудбалско првенство одигра 1:1 на гости против Удинезе.
– Беше добар натпревар со оглед на тоа што загубивме важни играчи, вклучувајќи го и Педро во првото полувреме, а претходниот меч го одигравме пред само 72 часа. Мислам дека заслуживме да победиме. Да имавме малку повеќе време да поработиме на деталите на тренинзите, немаше да примиме таков гол. Мора да работиме на овие ситници. Да немавме натпревари во европско натпреварување, веќе ќе се боревме за четири најдобри. Досега покажувавме целосна неспособност да играме три дена по Лигата на Европа, така што денешниот настап е знак за напредок, изјави Сари.
Лацио со 43 освоени бодови се наоѓа на шестото место во Серија А.
Ново на Сител
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
-

Новогодишно украсување: Штипјани најскапо ги чинело, а една фирма добила скоро 80% од тендерите
-

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител
