Македонија
25. November 2021 - 11:38

Сарафов: Немало експлозија, она што се слушнало е силниот удар на автобусот во банкината

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на денешната прес-конференција по случената трагедија кај „Струма” изјави дека првичните информации укажуваат дека банкината во која што удрил возачот со автобусот не само што е непотребна на местото, туку е и опасна.

- Немало експлозија, туку она што го слушнале оние кои биле во близина е ударот, силниот удар на автобусот во банкината од десната страна, за која што кажав дека не и е местото таму. Гледаме дека има лошо обележана сигнализација на патот, и дека автобусот удрил во банкината која не само што не е корисна, туку е и опасна за сообраќајот, изјави Сарафов.