Кошарка
1. March 2019 - 14:55

Сараевски Спарс противник на МЗТ Скопје во полуфиналето на АБА 2 лигата

 
 
Со синоќешната убедлива победа над словенечка екипа Рогашка 84-70, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го потврдија својот пласман во полуфиналето на АБА 2 лигата, 
 
На две кола до крајот на лигашкиот дел аеродромци и теоретски обезбедија место во плејофот, каде најверојатно за противник ќе го имаа босанскиот тим Спарс од Сараево. 
 
Останува само отворено прашањето дали МЗТ ќе ја има предноста на домашниот терен имајќи в предвид дека сараевската екипа во моментов има една победа повеќе (15-5) од македонскиот вицепрвак (14-6). 
 
Но ситуацијата може да се смени доколку сино-белите ги добијат последните два меча, прво гостувањето во Никшиќ кај Сутјеска, а потоа и во последното коло дуелот пред својата публика токму против Спарс. 
 
Доколку се оствари посакуваната цел, тогаш МЗТ Скопје ќе ја има предноста во полуфиналето, односно во СЦ „Јане Сандански“ би се играла евентуалната мајсторка во полуфиналната серија подобар до две победи чиј дуели се закажани во периодот од 20 до 28 март.