Балкан
7. November 2017 - 11:11

Сараево: Босански активисти ги загрозуваат БиХ и Дејтонскиот договор

Босанскиот амбасадор во Вашингтон, Харис Хрле обвини дека групи од Босна и Херцеговина ги интензивираат своите активности во САД, со цел да ги загрозат безбедноста на земјата и Дејтонскиот мировен договор, јави агенцијата ФЕНА.

- Се бараат состаноци со американски функционери без знаење на Амбасадата, се злоупотребуваат посети на САД за конференции и состаноци на кои се работи спротивно на надворешната политика на Босна и Херцеговина, се феудализираат етничките стравови и се кокетира со теории на заговор, обвини Хрле, кој не прецизираше од која етничка или политичка страна во БиХ доаѓаат ваквите, според него, паралелни дипломатски активности.

Според Хрле, американски дипломатски кругови го забележале ова доаѓање на неформални делегации од БоХ во САД и побарале босанските предизборни политички пресметки да не се префрлаат во Вашингтон.

Хрле додаде дека зачестиле и обвинувањата на американски дипломати и функционери од страна на босански полтичари.