Санкционирани возачи за брзо возење на автомобили и мотори во Скопје, над 100 казнети
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27.06.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, откриени се 52 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 36 мандатни платни налози и 22 прекршочни платни налози. На 27.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата
на Скопје, при што откриени се 20 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци за кои се издадени исто толку прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот