-->
-->
Санкционирани 301 возачи во Скопје: 69 за пречекорена брзина, 14 за минување на црвено светло
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 69 прекршоци, 14 мерки за возачи кои поминале на затворен семафор (црвено светло) и 22 за технички неисправни возила.
Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 5 санкционирани мотоциклисти, 64 мерки за непрописно паркирање, 63 возила подигнати со „пајак“ и 42 казни за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка