Македонија
19. September 2020 - 15:37

Санкционирани 27 мотоциклисти во Велес, зајакнати контроли во сите градови

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес во периодот од 18 часот вчера до 03 часот утринава на територијата на Велес спроведоа акциска контрола при што санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. Откриени и санкционирани се и 18 други прекршоци.

Од МВР денеска информираа дека освен во Велес, во текот на изминатото деноноќие во Скопје санкционирани се 384 учесници во сообраќајот.

Од Министерството за внатрешни работи нагласија дека ќе продолжат со зајакнати контроли и во следните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќајот во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.