-->
-->
Санкционирани 213 возачи во Скопје, 34 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 213 мерки, од кои за брзо возење 34 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 17 прекршоци, направени од возачите на мотоцикли.
-Изречени се девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, 15 за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, 77 санкции за непрописно паркирање, соопштуваат од МВР.
Оттаму потенцираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари