Македонија
7. December 2022 - 10:12

Санкционирани 194 возачи за брзо возење

 – При вчерашната акциска контрола на територија на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 194 возачи, соопшти МВР.

Од нив, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 95 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од Министерството.