-->
-->
Санкционирани 194 возачи за брзо возење
-->
– При вчерашната акциска контрола на територија на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 194 возачи, соопшти МВР.
Од нив, десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 95 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од Министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дабарот Фил предвиде уште шест недели зима
-
Пронајден кокаин при претрес во Куманово
-
Граѓаните ќе платат од 1400 до 1500 денари за замена на регистарските таблички со ознаката „NMK“
-
Спасовски: Нема да дозволам понижување на македонскиот народ!
-
Ахмети: ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци
-
Затворен за сообраќај регионалниот пат Велес - Градско
-
Јануари екстремно топол, над просекот за 3,3 степени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите