Македонија
24. March 2023 - 9:29

Санкционирани 178 возачи во Скопје, од нив 49 за брзо возење

Во рамки на полициските контролите во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои, за возење со брзина поголема од дозволената 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.    

Како што информираат денеска од МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за недавање првенство на минување на пешаци...Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.