Македонија
21. September 2021 - 10:09

Санкционирани 171 непрописно паркирани возила во општина Центар

За една недела на територија на Општина Центар санкционирани се 171 непрописно паркирани возила, што го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

-Во период од 13 до 19 септември, со помош на специјални возила „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар отстранети се 76 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од Општина Центар.

Од Општината апелираат да се почитуваат сообраќајните правила со цел одржување на ред и безбедност на улиците.