Санкциониран возач кој се движел со 182 км на час во близина на Дебреше
Сообраќајци фатиле на радар автомобил чиј возач возел со брзина од 182 километри на час по автопатот „Мајка Тереза“ во близина на натпатникот за гостиварското село Дебреше. На овој дел од сообраќајницата, максималната дозволена брзина е 80 км на час, со што возачот ја надминал за 102 км/ч.
Голфот со скопски регистерски ознаки бил запрен, а на возачот му била напишана глоба од 400 евра. За прекршокот, времено му е одземена и возачката дозвола.
Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден спровеле акциска контрола за пречекорување на брзина.
– Вчера (3 март) од 9 до 14 часот, на поширокото гостиварско подрачје, односно на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на Дебрешки натпатник, спроведена е локална акциска контрола за брзина со која се движат возилата надвор од населено место Откриени и законски санкционирани биле вкупно 30 прекршоци. Шест од прекршоците биле пречекорувања на брзината за повеќе од 70 километри на час, а 24 пречекорувања биле за 50 до 70 километри на час. При контролата, исто така, санкционирани се и 2 други видови прекршоци, навдуваат од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона