-->
-->
Саниран е дефектот, корисниците на гас од Куманово непречено се снабдуваат
-->
Саниран е дефектот на еден од елементите од разделната шахта на Јавното претпријатие „Куманово Гас“ која се наоѓа во стариот градски парк во Куманово, информираа денеска од претпријатието.
-Корисниците на гас имаат редовно снабдување и немаат никакви проблеми со затолувањето, изјави директорот на претпријатието Никола Денковски.
Корисниците останаа без гас, поради дефектот привремено, околу десет часа.
-Стануваше збор за посериозен дефект, ангажиравме стручни лица за санација на дефектот, бидејќи мора да се почитуваат високите стандарди и прописи за работа во вакви вонредни услови, појаснува Денковски.
Корисниците на гас согласно договорите за снабдување кои ги склучуваат со „Куманово Гас“, потенцира Денковски, должни се да имаат обезбедено алтернативен начин на затоплување на просториите, бидејќи оваа е специфична материја и можат да се случат вакви непредвидени состојби.
Од денеска сите корисници имаат непречено снабдување со гас, меѓу нив училишта, градинки и други јавни општински установи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште