Џет-Сет
1. September 2015 - 10:06

Сандра Булок по пет години го најде вистинското момче

Холивудската ѕвезда Сандра Булок делувала пресреќна со своето ново момче, фотографот и моделот Брајан Рендал. 

Првпат по пет години од болниот развод со Џеси Џејмс, актерката била видена насмеана и многу среќна во друштво со Реналд.

Овој човек изгледа фантастично, па сосема разбирливо е зошто Сандра ја прекинала петгодишната пауза. Двојката е видена на вечера во еден ресторан во Холивуд. Тие биле многу блиски, а глумицата цело време била со насмевка на лицето.