Свет
21. March 2016 - 11:37

Сандерс собра повеќе пари за предизборна кампања од Клинтон

Кандидатот за демократската кандидатура за претседател на САД, Берни Сандерс во текот на февруари собрал повеќе парични донации за својата кампања од неговата ривалка Хилари Клинтон, но и потрошил повеќе, па во моментов располага со помалку средства од неа, објави денеска весникот „Вашингтон пост“.

Сандерс, според весникот, минатиот месец од донации успеал да собере 43,5 милиони долари, додека Клинтон 30,1 милиони. 

Сенаторот од Вермонт парита за кампањата воглавно ги добил од донации од своите подржувачи, кои по електронски пат уплаќале мали суми на неговата сметка. 

Сепак, на крајот на февруари Сандерс располагал со 17,2 милиони долари, а Хилари Клинтон со 31 милион, наведува весникот.