Свет
12. July 2016 - 20:34

Сандерс официјално ја поддржа кандидатурата на Клинтон за претседателските избори во САД

Барни Сандерс официјално ја објави својата поддршка за неговата поранешна ривалка Хилари Клинтон како кандидат за претседател од Демократската партија на САД. 

- Ја поддржувам Хилари Клинтон и ќе направам се што е можно таа да стане новиот претседател на САД, изјави 74-годишниот сенатор од Вермонт.

Сандерс истакна дека ќе работи за победата на Клинтон на претседателските избори во САД кои ќе се одржат на 8 ноември, и ја определи како најпогоден кандидат за справување со предизвиците со кои земјата се соочува.