Сандерс ја предупреди Русија да не се меша во американските избори
Кандидатот за демократската номинација на претседателските избори во САД, Берни Сандерс ја предупреди Русија да не се меша во американските избори, откако американски разузнавачи го известиле дека Москва се обидува да помогне во неговата кампања.
Сандерс (78) порача дека не го интересира кого рускиот претседател Владимир Путин сака да го види како американски претседател.
– Еве порака за Русија: не се мешајте во американските избори, а како претседател ќе се погрижам за тоа, истакна сенаторот од Вермонт, кој се смета за еден од фаворитите за претседателска кандидатура.
Обраќајќи им се на своите приврзаници во Бејкерсфилд, Калифорнија, Сандерс ја обвини Русија дека се обидува „да предизвика хаос и омраза во Америка“.
Весникот „Вашингтон пост“ објави дека американски официјални претставници го информирале Сандерс за активностите на Русија, а исто така ги известиле и претседателот Доналд Трамп и други американски функционери. Во текстот се наведува дека не е познато на кој начин Русија се обидува да му помогне на Сандерс.
Извор од Конгресот потврдил дека разузнавачките служби ги известиле членовите на Конгресот дека Русија, најверојатно, се занимава со кампања на дезинформации и пропаганда со цел да ги зајакне кандидатурите на Сандерс и Трамп во 2020 година.
Кремљ вчера демантираше дека Русија се меша во изборите, обидувајќи се да ги подобри шансите за реизбор на Трамп, по извештаите дека американски разузнавачи го предупредиле Конгресот оти постои нова закана за ноемвриските избори.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид