Свет
27. March 2016 - 10:52

Сандерс ја победи Клинтон во Аљаска и Вашингтон

Претендентот за демократската кандидатура за претседател на САД, Берни Сандерс ја победи Хилари Клинтон на партиските избори во Аљаска и Вашингтон. 

Според податоци на локалните комитети на Деморатската партија во Аљаска сенаторот од Вермонт освои 79 проценти од гласовите, а поранешниот државен секретар 21 процент.

Во сојузната држава Вашингтон Сандерс освои 76 отсто, а Клинтон 24 проценти.

Сандерс (74) и Клинтон (68) учествуваат во трката за изборт на кандидат на демократите на претседателските избори на 8 ноември.