Македонија
23. August 2016 - 11:24

Санација на прекопите на улиците во центарот на Куманово

Кумановското јавно претпријатие „Водовод“ почна акција за санација на прекопите  на улиците во поширокото централно градско подрачје во Куманово каде што екипите на претпријатието претходно работеа на отстранување дефекти.
 
Претпријатието има обврска да ги врати во првобитна состојба улиците кои  што се оштетени поради поправка на дефекти на водоводната и канализациската мрежа, како и поради новите приклучоци за правните и физичките лица. 
 
Како што објаснуваат надлежните од кумановски „Водовод“, за  нивните активности првин  ја информираат надлежната општинска комунална инспекција која ги одобрува прекопите и издава решение со нагласување дека во определен рок „Водовод" треба да ги санира оштетувањата и улиците да се вратат во првобитна состојба.
 
- Акцијата интензивно се спроведува на улиците во централното градско подрачје. Во овој период ќе бидат опафтени триесетина улици. Ако има недостиг на асфалт на одредени локации ќе биде поставен бекатон, изјави денеска директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.
Санацијата на прекопите е предвидена да трае до почетокот на октомври годинава.